Saturday, March 15, 2008

За нашите Македонски Симболи

Симболот на македонската воена сила и надмоќ е лавот. По победата на обединетите Грци кај Херонеја во 337 г.п.н.е., македонскиот цар Филип Втори гради огромен споменик на лав, кој е зачуван. Александар Трети Македонски ковал пари со својот лик, заедно со маска од лав. Во средниот век, македонскиот лав станува македонски хералдички грб, под кој македонските револуционери од 19 и 20 век се борат за македонската слобода.
Најстариот зачуван македонски бајрак e Знамето на Мијаците. Најстарите сочувани два примерока се стари 200 години. Мијачкиот бајрак е сочинет од следниве елементи:
- централно е поставено сонце, симболот на Македонците уште од античко време;- во сонцето е впишан крст ; околу крстот на празните полиња пишува ИС - ХР / НИ - КА, односно "Исус Христос Победник;
- на аглите на знамето има три животински симболи со црвена или бела внатрешност. Горе лево има змеј, горе десно има исправен македонски лав, долу лево - двоглав орел без крилја со впишани И-С-Х-С на стомакот околу едноставен крст, а на долниот десен агол е претставена полумесечина со мала ѕвезда над неа. Бајракот е порабен со истите црвено-жолти сончеви зраци, какви што се наоѓаат околу централниот крст.
Но, иако сите го знаат како мијачки, бајракот е општомакедонски, бидејќи бил користел кај сите Македонци во минатото, а се задржал до денешни дни кај мијаците, поради нивната излолираност во високите западномакедонски планини. Фактот што змејот кој се наоѓа на знамето е симбол на античките Келти-Гали. Сонцето и лавот се антички македонски симболи. Двоглавиот орел е антички симбол на обединетата духовна и световна власт и владеењето на истокот (Азија) и западот (Европа), а Александар Македонски и неговите наследници навистина ја владееја и Азија и Европа. Превртената полумесечина и ѕвездата се симболи на Богомилите од Македонија.
Македонското сонце е задржано како национален симбол кај македонскиот народ во континуитет. Знамето на крушевската република е карта на цела етногеографска Македонија, од која изгрева сонце. Македонскиот грб од 1945 г. содржи сонце. Интересно е што дури во 1977 г. во Кутлеш (Вергина) се открива сонцето од филиповата гробница како македонски национален симбол, но Македонците го користат сонцето како национален белег многу порано; не само сонцето, туку и лавот. Засега не може точно да се каже зошто токму лавот е примен за амблем на македонскиот грб. Кај древните Грци орелот се сметал како амблем на Зевс... Атина, како држава град и град, имала свој амблем - бувот, Коринт - крилатиот коњ, на шлемот на Ахил имало лав, Александар Македонски имал - морски коњ. На штитовите на Торијаците и Мизијците имало змии, за да се разликуваат од Елините. На знамињата на римските легиони бил орелот. Шеснаесеткракото сонце e откриено 1977 г. во Кутлеш (Вергина) од грчкиот археолог Андроникос. Според интерпретациите на овој археолог коските во златниот ковчег биле на Филип II, a шеснаесеткракото сонце (ѕвездата од Вергина) била „амблемот на македонската династија“, т.е. симбол на македонското кралско семејство. Во почетокот на 90-тите години од минатиот век македонската и грчката дијаспора, првите на црвена основа, вторите на сина, го развеаја овој симбол на своите знамиња во Австралија, а во август 1992 г. Собранието на РМ го избра на државен симбол на РМ. Од откриетието на шеснаесеткракото сонце до неговата прва масовна употреба во 1988 г. од страна на Грците поминале повеќе од 10 години, но авторот на првата македонска книга од областа на хералдиката (1990 г.) не го спомнува овој амблем. Јас си поставувам прашање, ако денешните Македонци немаат врска со античките, од каде кај нас, современите Македонци култот кон античките македонски национални симболи? Дури по 1977 г., Грците почнаа да го користат македонското сонце во пропагандистични цели, да докажат елински карактер на Македонија. Тие, кои се удираат во гради дека се наследници на античките Елини, немаат национален симбол кој го негувале во континуитет, наследен од нивните антички предци. Пак ќе напоменам дека дури во 1977 г. во Кутлеш (Вергина) се открива сонцето од филиповата гробница како македонски национален симбол, но Македонците го користат сонцето како национален белег многу порано. Како уште еден дополнителен пример ќе го споменам македонското знаме на македонската колонија во С. Петербург со Буkефал, коњот на Александар Македонски, и сонце во изгрев со златести букви: „ЕДИНСТВЕНА НЕЗАВИСНА МАКЕДОНИЈА“ (март 1914). Тогаш, Грците немале ниту поим, ниту насетувале дека симболот на античките Македонци било македонското сонце и лавот.

1 comment:

bobyx said...

Patriote bas mi se dopaga ovoj tekst i bi sakal da go procitaat luge kako Sarkozi ili Ren